Дома Трансфер зона Наполи одбил 100 милиони евра за Кулибали

Наполи одбил 100 милиони евра за Кулибали

Претседателот на Наполи потврди дека добил „непристојна“ понуда за дефанзивецот Кулибали, која ја одбил.

Претседателот Де Лаурентис потврди дека во клубот пристигнала понуда од 100 милиони евра за Кулибали, но и тоа не било доволно Наполи да ја пушти својата ѕвезда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Вистина е, имавме понуда од 100 милиони евра за Кулибали од Премиер лигата, но не сакавме воопшто да преговараме за продажба. Тој е многу добра личност, никогаш не сме имале проблеми со него“, изјави Де Лаурентис.

Де Лаурентис не сакаше да каже за кој клуб станува збор, но медиумите тврдат дека тоа би можел да биде Челзи.

„Сините“ веќе постигнаа договор со Наполи за тренерот Сари и плејмејкерот Жоржињо, па во преговорите Челзи доставил понуда и за Кулибали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…