Јувентус и Наполи покажуваат сериозен интерес за 18-годишниот дефанзивец на Порто, Диого Далот, пренесуваат италијанските медиуми.
Двата клуба испратија свои скаути да го гледаат во живо фудбалерот против Бенфика Б, кој младинците на Порто го добија со 3:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Далот блесна за време на Светското првенство за играчи до 20 години, а оваа сезона дебитираше и за првиот тим на Порто во Купот на Португалија.
Меѓутоа, неговата цена од 20 милиони евра може да ги натера италијанските клубови да се откажат од битката за потписот бидејќи сметаат дека е многу висока за играч на негова возраст.
Скаутите останаа импресионирани од Далот кој на тој натпревар постигна гол и запиша една асистенција. Ова лето Порто одби да го продаде младиот фудбалер на Барселона која понуди 10 милиони евра за неговиот потпис.