Дома Фудбал Италија Наполи вчера беше понижен како ретко кога 🎥

Наполи вчера беше понижен како ретко кога 🎥

Наполи вчера на стадионот „Диего Армандо Марадона“ одигра пријателски натпревар против Беневенто и доживеа срамен пораз.

Имено, Беневенто го победи Наполи со неверојатни 1:5 што секако, иако е пријателски меч е едно од најголемите понижувања за клубот од Неапол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гостите после првото полувреме имаа два гола предност преку Чала и Импорте за во вториот дел Политано со гол од пенал да ги врати домаќините во игра.

До крајот Беневенто постигна уште три гола. Погодуваа Фулон, Роберто Инсиње (братот на Лоренцо Инсиње) и Брињол.

Треба да се спомене дека за Наполи не играа низа репрезентативци меѓу кои е нашиот Елиф Елмас кој е со репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Сандерленд се обиде со „паненка“ и се посрамоти за сите пари (Видео)

Најголемата можност за поврат на Сандерленд во натпреварот против Брентфорд ја промаши Енц…