Дома Фудбал Италија Наинголан: Јувентус пет години ме бараше, мојот одоговр за нив секогаш беше – не!

Наинголан: Јувентус пет години ме бараше, мојот одоговр за нив секогаш беше – не!

Раџа Наинголан ова лето ја напушти Рома и се пресели во редовите на Интер, а сега помеѓу другото во интервјуто за „Газета дело Спорт“ зборуваше и за Јувентус.

Познато е дека навивачите на Јувентус не го сакаат премногу поради изјавите во медиумите, а сега имаат уште една причина за такво нешто.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Имено, Белгиецот за реномираниот италијански медиум тврди дека пет пати во кариерата го одбил актуелниот италијански шампион и клуб кој доминира на „Чизмата“.

„Јувентус е силен и непобедлив со години. Ние мораме да се потрудиме да бидеме што подобри и секогаш да им „дишиме во врат“. Затоа притисокот секогаш ќе биде на нивна страна, ќе се обидеме да го казниме секој нивни кикс“.

„Многу патев поради нив, а после некое време сакате да кажете крај, Навивачите на Јувентус цело време зборуваат дека клубот не ме сакал. Но, вистината е дека ме бараа пет години во низа. Мојот одговор за нив секогаш неше – не“, тврди Наинголан.

Наинголан смета дека Кристиано Роналдо е од голема корист за цела Серија А.

„Роналдо е прилика за Серија А да добие поголемо медиумско внимание, да го врати она што го изгуби пред многу години“, истакна Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА се посрамоти: Чеферин остана без медали кога на ред дојде Сон (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем во средата освоија трофеј по 17 години, а првиот европски по 41 го…