Дома Останати Надал го симна Ѓоковиќ од врвот на АТП листата

Надал го симна Ѓоковиќ од врвот на АТП листата

Шпанецот Рафаел Надал е нов лидер на најновата АТП ранг листа објавена денеска.

Надал е прв со 9.585 бода пред досегашниот лидер Новак Ѓоковиќ кој е второпласиран со 8.945.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Битката за првото место на крајот од годината, Ѓоковиќ и Надал ќе ја водат веројатно на турнирот во Лондон. Претпоставките се дека Шпанецот ќе се опорави навреме за завршните битки во годината.

Доколку Надал добие два меча во групите, тогаш Ѓоковиќ за да биде прв, мора да го освои турнирот. Но, ако Надал не игра во Лондон, тогаш и пласман во финалето ќе му заврши работа на Ѓоковиќ.

Во Топ 10 се уште:

3. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.190
4 .Данил Медведев (Русија) – 5.705
5. Доминик Тим (Австрија) – 5.025
6. Стефанос Циципас (Грција) – 4.000
7. Александар Зверев (Германија) – 2.945
8. Матео Беретини (Италија) – 2.670
9. Роберто Баутиста Агут (Шпанија) – 2.540
10. Гаел Монфис (Франција) – 2.530.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…