Камерунецот Андре Онана немаше добар почеток на голот на Манчестер јунајтед, па поради тоа се очекува промена на голманската позиција во следните натпревари.
Онана исто така се повреди на репрезентативната пауза во дресот на Камерун и ќе мора да паузира, а тренерот Ерик Тен Хаг ќе му даде шанса на Алтај Бајиндир.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турчинот неодамна пристигна на „Олд Трафорд“ како еден од најдобрите турски голмани, а воедно бранеше и за неговата татковина во дуелот против Германија.
Младиот голман би требало да дебитира за Јунајтед во следните недели, и тоа кога „ѓаволите“ му гостуваат на Евертон.