Дома Фудбал Навивачите на Јунајтед ги исвиркаа Тен Хаг и играчите по нивниот најлош старт во последните 34 години

Навивачите на Јунајтед ги исвиркаа Тен Хаг и играчите по нивниот најлош старт во последните 34 години

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД загуби со 1:0 од Кристал Палас на Олд Трафорд во седмото коло од Премиер лигата, а единствениот гол го постигна Јоаким Андерсен со прекрасен удар во 25. минута.

Тоа беше четврти пораз за Јунајтед оваа сезона. Избраниците на Ерик тен Хаг имаат три победи и се наоѓаат на десеттото место на табелата во ПЛ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа е најлошиот старт за Манчестер во последните 34 години. Играчите и тренерот си заминаа од стадионот со свирежи од трибините.

Тен Хаг по натпреварот изјави дека ги разбира навивачите. „Ги разбирам навивачите. Играме на домашен терен против Кристал Палас и мораме да го добиеме. Со сета почит. Знам дека секој натпревар во Премиер лигата е тежок. Мораме да бидеме подобри, ова не е ни доволно блиску“. – изјави тренерот на Јунајтед.

„Можам да ви дадам причини зошто не играме добро, но вие би напишеле дека се оправдувам. Нема оправдувања. Мораме да победиме. Тоа нема врска со среќа, тоа не може да се објасни така“, рече на прес-конференцијата по мечот на Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го задржат Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…