Дома Фудбал Англија Навивачите на Лидс не сакаат Џани да замине: Човеку потпиши, ти си еден од нас!

Навивачите на Лидс не сакаат Џани да замине: Човеку потпиши, ти си еден од нас!

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски вчера се врати во првиот тим во натпреварот против Лидс.

Алиоски имаше прилика да се запише во листата на стрелци, но не успеа, сепак на крајот го заврши натпреварот како четврти најдобро оценет играч. По ваквиот настап навивачите на социјалните мрежи испраќаат пораки до Лидс на Џани да му биде продолжен договорот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ќе потсетиме, претходно на големо во англиската јавност се пишуваше дека на Алиоски нема да му биде продолжен договорот и на крајот од сезоната ќе си замине како слободен играч. Најмногу се поврзуваше со трансфер во Галатасарај.

„Одличен натпревар Џани, потпиши нов договор. Тука припаѓаш“, „Потпиши Џани ние те сакаме и сакаме да останеш. Ти си еден од нас и на теренот и надвор него“, „Човеку потпиши. Ни требаш ти и твоите лудории“… Гласат дел од пораките на социјалните мрежи.

Ќе видиме дали овие пораки ќе донесат промени во неговиот статус и напредок во преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…