Многу професионални спортисти навистина немаат план што да прават надвор од теренот по завршувањето на нивната кариера, но тоа не е случај со бејзбол легендата Кен Грифи.
Тој одлучи да стане спортски фотограф и ја имаше својата прва задача на натпреварот во МЛС помеѓу Интер Мајами и Нешвил.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Кен Грифи Џуниор. е апсолутна легенда во Соединетите Американски Држави. Познатиот играч помина 22 сезони во МЛБ, најмногу со Сиетл Маринерс.
Овој 53-годишник ја заврши кариерата во 2010 година. Неговата банкарска сметка е прилично полна, а во последниве години тој одлучи да бара нови предизвици надвор од бејзболот.
Грифи Џуниор одлучи да се занимава со фотографија. Тој сака низ објективот да ги прикаже случувањата на спортските терени, а првиот ангажман му беше на МЛС натпреварот помеѓу Интер Мајами и Нешвил.
Во еден момент камерата ја покажа бејзбол легендата. Многумина не можеа да поверуваат дека навистина е тој и мислеа дека се работи за некое момче кое изгледа доста слично.
Сепак, навистина се работеше за Кен. Не може да седи мирен и да ужива во пензионерските денови, па решил да се занимава со фотографирање на спортски настани.
Веројатно ни самиот Лионел Меси немал поим дека покрај теренот има човек кој е попопуларен од него во добар дел од Соединетите Американски Држави.
Sports photographer and @MLB Hall of Famer Ken Griffey Jr. in his element. 📷⚾️ pic.twitter.com/kK79DiWnIO
— Major League Soccer (@MLS) August 31, 2023