Кејлор Навас иако беше многу критикуван, сепак оваа сезона со неколку фантастични интервенции многу му помогна на „кралевите“ да стигнат до шампионската титула.
Синоќа после освојувањето на титулата во Примера, Навас се одлучи да ја избриче главата, а потоа кога јавно ја откри причината, ги изненади сите.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Му ветив на Бога дека ако ја освоиме титулата, истата ќе им ја посветам на сите дечиња кои уште од рана возраст се борат против ракот. Затоа сум тука без коса, им ја посветувам оваа титула на сите дечиња кои се борат со рак“, изјави Навас.