Ерменскиот фудбалер Хенрих Мхитерјан пред неколку недели го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжи во Арсенал.
Мхитерјан стана интересен за медиумите кога дознаа дека неговата мајка е претседателка на Фудбалскиот сојуз на Ерменија, додека неговата сестра работи во ЕУФА. Играчот на Арсенал секогаш сонувал да стане фудбалер, но имал и резервен план во случај тоа да не му успее.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Вистина е дека мојата мајка е претседател на ФС во Ерменија и дека сестра ми работи во УЕФА. Од друга страна не е вистина дека сум сакал да се занимавам со атлетика како што некои зборуваат. Вториот сон, покрај фудбалот ми е да станам адвокат и можеби тоа ќе го направам кога ќе ја завршам кариерата.“ – изјави фудбалерот на Арсенал.