Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета ќе направи многу промени во тимот, па неколку играчи сигурно ќе го напуштат „Емирати“ уште во зимскиот преоден рок.
Еден од нив е и Шкодран Мустафи, кој оваа сезона не е стандарден и не пружа партии какви што се очекуваат од него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Мустафи во јануари би можел да се врати во Серија А и тоа во тимот на Болоња, која покажува сериозен интерес за него.
Мустафи својата афирмација ја доживеа во Серија А во дресот на Сампдорија, од каде се пресели во Валенсија, а потоа во 2016 година за 40 милиони евра се пресели во Арсенал.
Болоња сака да го донесе Мустафи на шестмесечна позајмица со опција да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.
Дефанзивецот е отворен за преселба во тимот на Михајловиќ со цел да ја „оживее“ својата кариера и да има поголема минутажа.