Дома Фудбал Англија Мурињо ја откри судбината на Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед

Мурињо ја откри судбината на Ибрахимовиќ во Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека Златан Ибрахимовиќ на крајот на сезоната ќе си замине од клубот.

Ибра минатото лето потпиша едногодишен договор со Јунајтед и Мурињо тврди дека Швеѓанецот ќе го напушти тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во клубот сметаме дека ова е неговата последна сезона во Јунајтед, но одлуката за тоа дали ќе продолжи да игра или не е исклучиво негова. Штета за таа лоша повреда во лош момент, Златан е голем играч и имаше неверојатна кариера“, изјави Мурињо.

„Ова беше тешка сезона за Златан. Не е повреден, но дали се чувствува среќен и подготвен во оваа состојба да покаже дека може да му помогне на тимот? Не, но затоа тој е голем шампион, бидејќи е искрен и е свесен за тоа. Златан напортно работи и се надеваме дека наскоро ќе биде на своето ниво“, тврди Португалецот.

Оваа сезона Ибра одигра само седум натпревари и постиган еден гол и тоа во Лига Купот. Пред Јунајтед настапуваше за многу клубови, меѓу останатите за ПСЖ, Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…