Дома Трансфер зона Мурињо стартува нов проект и со 155 милиони евра тргнува по ѕвездата на Серија А?!

Мурињо стартува нов проект и со 155 милиони евра тргнува по ѕвездата на Серија А?!

Како што пренесуваат англиските медиуми Жозе Мурињо подготвува нов проект во Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед добро ја започна сезоната, но двата лоши настапи пред репрезентативната пауза придонесоа за тоа градскиот ривал Манчестер Сити да направи предност од осум бода во однос на „ѓаволите“.

Многумина сметаат дека за ваквата ситуација до некаде виновни се и повредите. Сепак, се добива впечаток дека за Јунајтед да му парира на градскиот ривал потребно и нешто повеќе.

Тоа „нешто повеќе“ би можел да биде Паоло Дибала! Медиумите на островот пишуваа дека Жозе Мурињо е спремен да испрати понуда до Јувентус во износ од 155 милиони евра.

Оваа вест во медиумите се појави веднаш по изјавата на Дибала во која истакнува дека не може да вети дека ќе остане во Јувентус, а да потсетиме и Мино Раиола во септември најави дека Дибала може и да го напушти Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…