Дома Фудбал Мурињо реагираше за повторениот пенал на Дибала против Зенит 📸

Мурињо реагираше за повторениот пенал на Дибала против Зенит 📸

Жозе Мурињо не сакаше да зборува за судијата Мареска и не одговараше на прашањата за судењето од новинарите, но преку својот Инстаграм профил обвини за нееднаквост во Европа.

Вчера во натпреварот помеѓу Јувентус и Зенит Дибала изведе пенал. Аргентинецот прво промаши, но поради прерано влегување на играч на Зенит во шеснаесетникот пенало се повтори, од вториот обид Дибала погоди. Мурињо со втората фотографија посочува дкеа во таква ситуација пеналот на Верету не бил повторен.

„Едниот беше повторно изведен, а другиот не….. Погодете за кој се работи“, иронично порача Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп го скрати списокот: Волтемаде и Бисек отпаднаа за ноемвриските дуели

Германија ќе ги одигра последните два натпревара во групата од Лигата на нации без ниту ед…