Toтенхем доживеа пораз од Лајцпиг во првиот натпревар од Лигата на шампионите, а веќе утре Мурињо и неговите избраници ги чека нов важен натпревар.
Мурињо и неговиот тим утре ќе играат против Челзи кој во овој натпревар влегува после поразот од Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот се игра во рамките од 27. коло од Премиер лигата. Мурињо го чека тежок натпревар, па имаше што да каже.
„Играчите на Челзи го гледаа нашиот натпревар од нивниот удобен дом. Ние игравме, а веќе во сабота не чека нов натпревар. Ви благодарам на распоредот. Не можеме ниту да се наспиеме како што треба. Ќе мораме да станеме во 07:30 часот“, се пожали Мурињо.
Натпреварот помешу Тотенхем и Челзи се игра во терминот од 13:30 часот.