Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид беше од 2010 до 2013 година и даде до знаење дека не би имал ништо против да се врати на кормилото на „кралевите“.
56 годишниот Португалец е без ангажман откако доби отказ во Манчестер Јунајтед, а во шпнаските медиуми многу често неговото име го поврзуваат со клупата на Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Мурињо јасно кажа дека би се вратил во Мадрид.
„Дали би се вратил во клуб со вистинска структура и големи амбиции? Секако, не би имал никаков проблем. Гордост е кога некој клуб каде што сте работеле те сака назад, тоа значи дека сметаат дека си добар. Но, засега тоа се случи со Челзи, не со Реал Мадрид. Ми се допаѓа Шпанија, но не бирам клуб поради климата. Тие се најдобриот клуб во светот со 13 освоени титули во Лигата на шампионите“.
„Едно од моите најдобри чуство во фудбалот беше кога се вратив во Челзи. Како што кажав кога луѓето те викаат по втор, тогаш знаат колку си добар. Тоа е фантастично чуство“, порача Мурињо.
Мурињо со Реал Мадрид освои едно шпанско првенство, куп и суперкуп.
На можното враќање на Мурињо на „Бернабеу“ вчера интересен коментар имаше Сантијаго Солари.
„Овој клуб има повеќе додворувачи од Џујилија Робертс“, гласеше одговорот на Солари, а потоа доби дополнително прашање кого од нив двајца (Солари и Мурињо) би избрала таа актерка:
„Добро прашање, тоа би требало да ја прашате нејзе“, одговори актуелниот тренер на Реал Мадрид.