Дома Фудбал Англија Мурињо откри на што ќе се фокусира, а во Премиер лигата ќе биде задоволен и со четвртото место

Мурињо откри на што ќе се фокусира, а во Премиер лигата ќе биде задоволен и со четвртото место

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо изјави дека главната цел на оваа екипа во оваа сезона е што подобар резултат во Лигата на Шампионите, додека не е премногу оптеретен со ситуацијата во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ во осмина финалето играат против Севиља, а првиот натпревар во Шпанија заврши без голови. Мурињо за англиските медиуми потврди дека пред својот тим постави цел да постигнат што подобар резултат во Лигата на Шампионите, додека со домашното првенство нема премногу да се замара.

Португалскиот стратег додаде дека е невозможно неговата екипа да се базира на сите натпреварувања поради многу згуснатиот распоред. Јасно е дека на титулата во Англија не може да се надева, бидејќи Сити направи прилично голема предност од останатите екипи.

„Имаме многу малку дена за одмор и мораме да се одлучиме на кое натпреварување повеќе да се посветиме. Лигата на Шампионите во овој момент ни е најважна, иако нема целосно да ја запоставиме Премиер лигата. Разлиакта меѓу втората и петтата екипа е многу мала и сите ќе се борат да изборат пласман во Лигата на Шампионите. Искрено, би бил задоволен на крајот доколку бидеме и четврти“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…