Дома Фудбал Англија Мурињо открива како Матиќ завршил на „Олд Трафорд“

Мурињо открива како Матиќ завршил на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо пред дербито на колото во Премиер лигата против Челзи открива како успеал да го доведе Немања Матиќ во текот на летниот преоден рок.

Навивачите на Манчестер Јунајтед доведувањето на Матиќ го сметаат за еден од најдобрите потези на клубот во последните неколку години, а Португалецот сега го открива начинот на кој Србинот пристигнал на „Олд Трафорд“.


„Бев изненаден кога во текот на летото ме побара агентот на Матиќ и ме праша дали сум заинтересиран за него. Изненаден бев затоа што тоа е менаџер кој добро го познавам, директен и конкретен човек кој не сака да губи време. Кога ми соопшти дека можам да го доведам Немања ако сакам, веднаш одговорив, секако дека сакам“, открива Мурињо.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи на програмата е во недела во 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси се враќа за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави неговиот прелиминарен список на фудбале…