Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо истакна дека по дебито на Алексис Санчез, Чилеанецот ќе даде нова димензија во нападот на „Црвените ѓаволи“.
Санчез одигра 72. минути во победата против Јеовил во четвртфиналето од ФА Купот (4:0), а зборовите на Мурињо по натпреварот говорат каков натпревар прикажа 29-годишниот играч.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Фантастично засилување. Ни донесе искуство и квалитет. Неговиот потег за вториот гол е нешто што играчи како Рашфорд, кои се премногу нервозни, не можат да го направат“, изјави Мурињо.
Јасно е дека со доаѓањето на Чилеанецот, Рашфорд и останатите крилни играчи добија голема конкуренција за место во тимот, но португалскиот тренер не гледа проблем во тоа.
„Добрите играчи сакаат добри играчи, тогаш се поставува прашањето кој од нив ќе биде изоставен од тимот. Тоа не е проблем за нас“, додаде Мурињо.
На Јунајтед следен натпревар му е во среда, кога во дербито на 25. коло од Премиер лига ќе му гостува на Тотенхем.