Дома Топ вести Мурињо одлучен да ја покори Европа: Ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Барса

Мурињо одлучен да ја покори Европа: Ја плаќа клаузулата за ѕвездата на Барса

Жозе Мурињо сака да создаде шампионски Манчестер Јунајтед, но свесен е дека за тоа треба време. Сепак, за сега работите му одат многу добро.

Англиските медиуми пренесуваат дека „Специјалниот“ веќе работи на нови засилувања, а следно би можел да биде Серџи Роберто од Барселона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Универзалецот од Барселона очигледно не е ценет доволно на „Камп Ноу“бидејќи и оваа сезона добива многу мала минутажа, па е спремен да ја промени средината.

Познато е дека Мурињо многу го цени неговите квалитети, го сакаше уште за време на летниот преоден рок, па ќе направи се за да го донесе во јануари.

Наводно Португацот веќе остварил контак со агентот на фудбалерот, па покрај поголема минутажа му нуди и поголема плата на „Олд Трафорд“.

Доколку Серџи Роберто се согласи трансферот не би требало да биде проблем за „црвените ѓаволи“ кои се спремни да ја активираат откупната клаузуча која изнесува 37.5 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …