Ренато Санчез минатото лето пристигна во ПСЖ како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.
Португалецот не е задоволен од својот статус во тимот и сака да ја промени средината, а и ПСЖ сака да се ослободи од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за него покажува Рома, бидејќи Мурињо верува во неговите квалитети и смета дека ќе биде одлично засилување.
Двата клуба почнаа преговори, а последните информации говорат дека ПСЖ е спремен да го пушти на едногодишна позајмица.
Рома во следните денови треба да го комплетира трансферот со право на откуп следното лето.