Дома Фудбал Останато Мурињо не го сака, но мора да го прифати: Јунајтед во сред сезона донесе играч, од бизарни причини

Мурињо не го сака, но мора да го прифати: Јунајтед во сред сезона донесе играч, од бизарни причини

Напаѓачот на Саудиска Арабија, Мохамед Ал-Сахлави, кој постигна 26 гола во 33 настапи за репрезентацијата, ќе тренира со Манчестер Јунајтед следните три недели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Жозе Мурињо нема никаков интерес за напаѓачот и барем за сега нема никакви шанси Јунајтед да го Купи, Ал-Сахлави ќе остане во Манчестер, бидејќи клубот има договор со Саудиското Министерство за спорт.

„Договорено е нашиот играч да тренира три недели со Манчестер Јунајтед, така Бог му помогна. Ова е дел од програмата која сакаме да ја промовираме во спортот во нашата земја“, напиша министерот за спорт на Саудиска Арабија на Твитер.

Јунајтед потпиша договор за соработка со Саудиска Арабија во октомври минатата година и на овој и сличен начин ќе помогне за развојот на спортот во оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид го претстави Дамфрис, еве колку го плати

Реал Мадрид го потврди пристигнувањето на холандскиот дефанзивец Дензел Думфрис од Интер М…