Рома викендов беше поразена од Аталанта со 1:0, а на загревањето за овој натпревар се повреди Паоло Дибала.
„Волчицата“ не одигра лош натпревар и создаде повеќе прилики, упати повеќе удари кон противничкиот гол, но на крајот мораше да се помири со поразот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Изгубивме натпревар кој лесно требаше да го добиеме ако видиме што се случуваше на теренот. Можеме да зборуваме дека ќе беше поинаку ако Пауло беше на теренот. Сепак и оние кои беа на теренот покажаа дека можеме да победиме, но за жал не успеавме да постигнеме гол и бевме казнети. Во Монца или Кремонезе не доминиравме како тука што беше случај 90 минути“, изјави Мурињо.
Португалецот истакна и незадоволство од судењето.
„Го прашав судијата зошто не досуди пенал над Ѕаниоло и дали не досуди затоа што падна на тој начион. Морам да им кажам на играчите да го сменат начинот на играње, не треба да се обидуваат да останат на нозе и да играат со топката, треба да бидат кловнови и да глумат скокање во базен. Очигледно само така ќе добиете пенал во ова првенство“, незадоволно истакна португалскиот стратег.
После седум одиграни кола во Серија А, Рома се наоѓа на шестата позиција со 13 освоени бодови. Лидер на табелата е Наполи со 17.