Раководството на Рома е во напредни преговори за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.




Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на Жозе Мурињо.




Рома се обиде и во летниот преоден рок да го донесе на „Олимпико“, но преговорите со Мехенгладбах завршија без успех.




Швајцарскиот репрезентативец има договор до јуни 2022 година, па Рома работи на неговиот трансфер и може да го донесе во јануари за симболична сума.