Вчера уште во првото коло во англиската Премиер лига се одигра дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи во кое на крајот „црвените ѓаволи“ запишаа висока победа од 4:0.
Во овој натпревар поранешниот тренер и на двата клуба, Жозе Мурињо кој сега е без тренерски ангажман „дебитираше“ во својата нова улога – како стручен коментатор на „Скај Спорт“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо после натпреварот посебно издвои неколку реченици за најскапото засилување на Манчестер Јунајтед ова лето и најскапиот стопер во историја, Хари Мегваер кој беше прогласен и за играч на натпреварот.
Португалецот имаше пофални зборови за Мегваер.
„Апослутно ја заслужи наградата, беше цврст како карпа. Еден тим може да биде опасен во нападот, меѓутоа ако играчите не чуствуваат сигурност кај нивните соиграчи од одбраната, тогаш тоа го намалува нивото на самодоверба кај сите на теренот. Кога напаѓачите се чуствуваат сигурно тогаш се и поефикасни. Мегваер ја донесе потребната сигурност во одбраната“, порача Мурињо.