Како што пренесуваат медиумите на Островот после поразот од Челзи во финалето од ФА Купот Жозе Мурињо е лут на двајцата Белгијци од својот тим.
Мурињо прво изјави дека Челзи не го заслужил трофејот поради дефанзивната игра што предизвика смеа на Островот, но на крајот најмногу е лут на своите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поточно на двајца кои тврдеа дека се повредени и дека не можат да играат.
„Не можам да го натерам Лукаку да игра, ако ми каже дека не е спремен“, изјави Мурињо.
Англиските медиуми исто така пишуваат дека е бесен и на Фелаини, тој смета дека и двајцата не сакале да играат поради Мундијалот кој е се поблиску.
Се наведува дека Мурињо е до толку лут на Фелаини што преговорите за нов договор биле прекината, иако претходно токму Португалецот тврдеше Фелаини е важен дел од неговиот тим и дека сака да остане.
Дека Фелаини може да замине потврдуваат и италијанските медиуми кои додаваат дека Белгиецот преговара со Милан. Освен италијанскиот гигант за Фелаини интерес покажаа уште Галатасарај и Фенербахче.