Дома Фудбал Останато Мурињо: Кога Арнаутовиќ дојде во Интер ми кажа дека е подобар од сите напаѓачи кои ги имам

Мурињо: Кога Арнаутовиќ дојде во Интер ми кажа дека е подобар од сите напаѓачи кои ги имам

Марко Арнаутовиќ и Жозе Мурињо соработуваа во првата година на Португалецот во Интер и напаѓачот тогаш не остави некој посебен впечаток.

Мурињо во овој период гостува на „ТокСпор“ за време на ЕП, а по случаен избор добива задача раскаже нешто за некој од неговите поранешни соиграчи. Овој пат зборуваше за Арнаутовиќ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во редовите на Интер, Арнаутовиќ пристигна на 18 години на позајмица од Твенте, одигра само три натпревари и си замина по една сезона.

„Техничкиот директор Марко Бранка дојде со него откако го следел подолго време, тогаш Арнаутовиќ имаше 18 години. Кога Бранка го донесе имавме тренинг, стое крај аут линијата, а јас отидов да се поздравам со нив. Додека се поздравував си разменивме неколку зборови со Марко, а тој ми кажа: Г-дине јас сум подобар од сите напаѓачи кои ги имате“.

„Во тоа време ние ги имавме Ибрахимовиќ, Адријано, Креспо и Круз и 18 годишниот Марко бил подобар од нив. Но, таков е тој, секогаш има голема самодоверба колку и ситуацијата да звучи лудо“, раскажа Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…