Дома Топ вести Мурињо и Венгер се „тепаат“ за играч на Атлетико!

Мурињо и Венгер се „тепаат“ за играч на Атлетико!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е сериозно заинтересиран за ангажман на централниот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Хозе Гименез.

Гименез оваа сезона го загуби местото во стартниот тим бидејќи Диего Симеоне повеќе му верува на тандемот Годин – Савиќ, па многу европски гиганти се интересираат за младиот Уругваец.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „топчиите“ ќе мора да подготват 60 милиони евра за 21-годишниот фудбалер, за кого се интересира и менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.

Договорот на Гименез со „јорганџиите“ истекува во 2018 година, а неговата откупна клаузула изнесува точно 60 милиони евра.

Медиумите на Островот се сигурни дека следното лето многу европски гиганти ќе се „тепаат“ за неговиот потпис, а најсериозни кандидати се секако Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола ја признава грешката, го враќа Сане

Германскиот крилен фудбалер Лерој Сане летото 2020 година премина од Манчестер Сити во Бае…