Манчестер Јунајтед вечерва против Тотенхем го игра последниот натпревар од третото коло во англиската ПЛ.
После победата над Лестер и поразот од Брајтон, Јунајтед на Мурињо го пречекува Тотенхем во првиот вистински испит во новата сезона. Победата е императив, но ваков Јунајтед не може веќе да се смета како фаворит дури ни на својот Олд Трафорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добро, и натаму е тоа екипа која треба да биде првак, која има големи ѕвезди и Мурињо на клупата, но како играше во првите две кола тешко може да им се даде епитетот фаворит пред дуелот со Спарси.
Пред овој натпревар, Жозе својот стручен штаб го носеше на вечера, а потоа ги затече новинарите и доби прилика повторно да каже нешто.
„Навивачите беа фантастични на двата натпревари. Не за мене, за играчите. А така треба и да биде. Не сум себичен, во својата кариера никогаш не размислувам за себе и секогаш сум бил за клубот. Тоа сум јас, затоа сум среќен што ги поддржуваат играчите, мене не мора.“
„Фантастично е кога навивачите ги поддржуваат играчите и кога загубите од Брајтон. Тоа играчите треба да го препознаат и да го наградат.“ – изјави Специјалниот.
А на прашањето од новинарите дали е задоволен со екипата која ја има, Португалецот одговори: „Вие најдобро го знаете мојот одговор.“