Марио Манџукиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Јувентус, а добрите игри ги пренесе и на Мундијалот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо покажува сериозен интерес за Хрватот и сака да го донесе на „Олд Трафорд“ ова лето.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Наводно „Специјалниот“ и понудил трампа на „старата дама“ и за да го добие потписот на Манџукиќ е спремен да го испрати Матео Дармијан во Торино.
Дармијан е желба на „бјанконерите“, но прашање е дали ќе се согласат да се откажат од Манџукиќ, со оглед на фактот дека напаѓачот е миленик на тренерот Макс Алегри.