Дома Фудбал Останато Мурињо вчера не го заборави и холандскиот новинар кој го провоцираше 🎥

Мурињо вчера не го заборави и холандскиот новинар кој го провоцираше 🎥

Жозе Мурињо беше посебно расположен по вчерашниот пласман на Рома во полуфиналето од Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот прво имаше шоу пред трибините, па во микс-зоната го „пецна“ Антонио Касано, за потоа на прес-конференција да не му остане „должен“ и на еден холандски новинар.

Пред натпреварот со Феенорд холандскиот новинар испрати провокација до Мурињо со прашањата за минатогодишното финале, а Мурињо не го заборави тоа.

„Имам подарок за тебе. Прекрасен е нели?“, му кажа Жозе на новинарот давајќи му привезок на минијатурен трофеј од Конференциската лига.

„Ова ќе му го дадам на нашиот тренер“, одговори новинарот, на тоа Мурињо возврати:

„Тоа е за да не плачете во наредните десет месеци. Ќе го освоите првенство, играте добро и не плачете“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крај на сите дилеми: Се огласи и фудбалерот поради кој беше поништен голот на Хрватска!

Откако заврши натпреварот меѓу Хрватска и Португалија, најголемото прашање беше – да…