Благодарение на одличните сезони во Ливерпул, Мохамед Салах стана еден од најдобрите играчи на денешницата.
Одличниот Салах продолжува со добрите игри и во дресот на репрезентацијата на Египет со која наскоро го очекува настап на Афричкиот куп на нации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој 27-годишен играч претходната сезона ја круниса со освојување на ЛШ, а сигурно ќе има голема желба да го освои и ова континенатално натпреварување.
Популарните Фараони синоќа со 3:1 во пријателски натпревар ја победија Гвинеја, а ѕвездата на Ливерпул на теренот помина 60-тина минути и не се запиша во листата на стрелци.
Сепак, Салах се погрижи на него да му припадне потегот на натпреварот, откако на мајсторски начин си поигра со противничкиот голман Кеита.
Откако со прекрасен дриблинг го помина Кеита ја погоди стативата, а топката стигна до Мохсен кој немаше проблеми да ја погоди празната мрежа.
Mo Salah, that keeper’s got a family ?? pic.twitter.com/slQMAzlzPi
— Currently On Astronaut Training Course (@FantasyYIRMA) June 16, 2019
Mo Salah, running down the wing #Egypt ??⚽️ pic.twitter.com/N0f3CPoCWg
— World Football Index (@WorldFootballi) June 17, 2019