Кошаркарите на Морнар го совладаа МЗТ во Скопје со резултат 94:77 (27:22, 20:22, 10:23, 20:27) во шестото коло од АБА лигата.
МЗТ одлично го започна натпреварот и по првата четвртина стекна пет поени предност, Крстевски, Стојановски и Кофи беа расположени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во средината на втората четвртина, тимот од Бар се врати во мечот и дојде до предност, но сепак на полувремето заостануваа три поени.
Решавачка беше третата четвртина во која Михаиловиќ и Расел „пукнаа“, Морнар дојде до водство од 7:0 и 12:0 кое не го испушти до самиот крај на мечот.
На крајот сигурен триумф на морнарите во кој Михаиловиќ постигна 25 поени, Расел додаде 22, а двоцифрени беа уште Пецарски со 13, Вранковиќ со 12 и Врањеш со 11 поени. Во МЗТ Крстевски постигна 22 поени, Кофи додаде 14, а Стојановски 13 поени.