Дома Трансфер зона Мората може да се пресели во друг клуб од Ла Лига

Мората може да се пресели во друг клуб од Ла Лига

Aлваро Мората би можел да направи изненадувачки трансфер пред самиот крај на преодниот рок.

Шпанецот се поврзува со трансфер во Севиља. Меѓутоа голем проблем прави цената од 40 милиони евра која ја одреди Атлетико за неговите услуги. Јувентус на почетокот на минатиот месец објави дека нема да го откупи договорот на Мората и тој се врати во Атлетико.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Претходните две сезони шпанскиот напаѓач ги помина во Јувентус и во Мадрид се врати откако не беше активирана клазулата за откуп на неговиот договор.

По враќањето во Атлетико баш и не се наметна, па се појавија шпекулации дека повторно ќе ја промени средината. Во три натпревари оваа сезона сезона Мората собра 236 минути и постигна два гола.

Двата гола ги постигна против Гетафе во победата од 3:0. До крајот на преодниот рок нема уште многу, па така брзо ќе се знае дали Шпанецот ќе остане во Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…