Алваро Мората минатото лето пристигна во Челзи за 65 милиони евра како големо засилување од Реал Мадрид.
Иако добро ја отвори сезоната тој на досегашните 31 натпревар за Челзи има постигнато само 12 гола. Минатиот месец Шпанецот ја обнови повредата на грбот поради што ќе го пропушти и натпреварот против ВБА в понеделник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За време на рехабилитиацијата Мората некои време беше во Мадрид, каде новинарите му го поставија прашањето: Дали доколку утре добие повик од Реал би се вратил во Мадрид или би размислил?
„Морам да го почитувам Челзи кој се потруди да ме донесе и среќен сум овде. Но Мадрид е секогаш Мадрид“, изјави Мората.
Ваквата негова изјава ги налути фановите на Челзи, но и ги разгоре шпекулациите за негова повторно враќање на „Сантиаго Бернабеу“.
Реал е веќе во потрага по напаѓач, а на списокот се наоѓаат Мауро Икарди и Роберт Левандовски….можеби и Мората.