Tимот на Рома веќе доведе голем број засилувања пред новата сезона, а сега едно пронајде и од противникот на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите, Салцбург.
Имено, еден од најдобрите фудбалери на Салцбург, Диади Самсек е голема желба на директорот на „волчицата“, Мончи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е сериозно заинтересирана да го доведе Самсек во своите редови.
Станува збор за фудбалер кој има 22 години и игра на позицијата играч за врска, а кога веќе го привлекол интересот на Мончи јасно е за каков фудбалер се работи.
Мончи во овој фудбалер гледа идеална замена за Даниеле Де Роси кој со „една нога“ веќе е во пензија.
Австриските медиуми пренесуваат и дека за овој фудбалер интерес покажале Манчестер Сити и ПСЖ.