Дома Останати Тенис Монфис се откажа, Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето во Париз

Монфис се откажа, Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето во Париз

Францускиот тенисер Гаел Монфис се повлече од мастерсот во Париз, па така Новак Ѓоковиќ без борба оди во четвртфиналето.

Монфис на вчерашниот меч против Манарин заработи повреда на мускулот и беше прашање дали денес ќе може да излезе на терен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Фрустриран сум затоа што се повредив. Морам да одам на ултразвук да проверам што ми се случува со телото и како ќе реагира“, изјави после тој меч Монфис.

Ѓоковиќ претходно ги доби сите 17 средби со Монфис на АТП турнирите. Последен пат играа во полуфиналето на Дубаи 2020. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе го чека подобриот од мечот Фрик – Нори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ лесно до трето коло на Вимблдон

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно ја мина втората пречка на Гренд слемот В…