Дома Трансфер зона Монако ја одреди цената за својата ѕвезда!

Монако ја одреди цената за својата ѕвезда!

18-годишниот напаѓач на Монако, Килијан Мбапе е вистинска сензација оваа сезона во Европа и го следат најголемите европски гиганти.

Мбапе блеска оваа сезона како во француското првенство, така и во Лигата на шампиони, па интерес за него покажѕваат Барселона, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Арсенал и Манчестер Сити.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Паризиен“ тврди дека челниците на Монако знаат дека ќе биде тешко да го задржат тинејџерот во своите редови, па веќе ја одредиле неговата цена која изнесува 60 милиони евра.

Договорот на Мбапе со клубот од кнежевството истекува во 2019 година, но наскоро напаѓачот ќе потпише нов договор во кој најверојатно ќе има и откупна клаузула.

18-годишниот напаѓач кого веќе го нарекуваат „новиот Анри“ запиша 19 настапи оваа сезона во Лига 1 на кои постигна 7 гола и запиша исто толку асистенции.

Останува да видиме дали некој од заинтересираните клубови е спремен да ја плати оваа сума која ја бараат челниците на Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…