Дома Фудбал Италија Момчето кое беше голема надеж на Милан се уште се надева: Ако ова не е судбина, не знам што е

Момчето кое беше голема надеж на Милан се уште се надева: Ако ова не е судбина, не знам што е

Само талентот не е доволен за успех. Безброј ситуации ни ја потврдиле таа теза.

Многу суперталентирани фудбалери никогаш не успеаа да изградат кариери какви што им предвидуваа многумина. Мануел Локатели можеби сепак нема да биде еден од нив – за него има уште време.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Локатели има само 21 година, а веќе го нарекуваат поранешна голема надеж на Милан. Имено, овој талентиран играч за врска Милан минатото лето го продаде во Сасуоло. Поточно го позајми на Сасуоло кој има обврска да го откупи неговиот договор за околу 12 милиони евра.

Младиот играч за врска во сезоната 2016/2017 дојде до првиот тим на Милан, а така и во центарот на вниманието на италијанската фудбалска јавност. Му се предвидуваше светла иднина на „Сан Сиро“, но сепак во текот на летото ги напушти „росонерите“.

Интересно е што Локатели својот прв гол во Серија А го постигна токму против Сасуоло додека го носеше дресот на Милан.

„Својот прв гол го постигнав против Сасуоло. Тоа беше посебно чуство. Можеби и затоа ми беше судено да дојдам тука. Исто така го избрав дресот со број 73, а својот прв гол го постигнав во 73-та минута. Ако тоа не е судбина, тогаш не знам што е“.

„Имав добри периоди во Милано. Знаеа да ме наречат и новиот Меси на ТВ, спортските портали…Подоцна започнав да добивам и критики и работите не одеа како што треба. Тоа ме повреди, признавам патев кога не ми одеше“.

„Благодарение на помошта од семејството и девојката успеав да надминам се. Исто така, Сасуоло веруваше во мене“, изјави Локатели.

Многумина на овој играч се сеќаваат по голот од далечина против Јувентус во октовмри 2016 година.

„Тој гол ми го промени животот. Луѓето започнаа да запираат на улица и да ми се заблагодаруваат. Се ежам кога ќе се сетам на тој момент. Постигнав гол пред 70.000 луѓе за победа над Јувентус“, се потсети Локатели.

Оваа сезона Локатели одигра 19 натпревари за Сасуоло во сите натпреварувања, постигна два гола и запиша три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…