Светското првенство во Русуија влегува во завршна фаза, а денес на програмата се двата четвртфинални натпревари.
Репрезентациите на Франција и Уругвај во 16 часот во Нижни Новгород ќе одлучат кој ќе биде првиот полуфиналист на Мундијалот.
Традицијата е против Французите
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Триколорите“ се фаворит на хартија, иако по традиција имаат потешкотии во натпреварите со Уругвај. Двата тима ќе играат меч на Светско првенство по четврти пат во историјата, но за прв пат во елиминациската фаза. Последните два меча се играа во 2002 и 2010 година, и двете завршија со резултат 0:0. Последен пат двете репрезентации играа пријателски меч во Монтевидео на кој како победик излезе Уругвај со 1:0. Последната победа на „триколорите“ против Уругвај е од далечната 1985 година со 2:0.
Повреди и суспензии
Најголема грижа за Уругвајците, но и за сите оние кои сакаат да гледаат вистинска борба на теренот, е можното пропуштање на натпреварот на Едисон Кавани, кој се повреди во победата против Португалија. „Матадор“ вчера тренираше посебно од тимот и прашање е дали ќе настапи против Франција. Во редовите на Франција пак, ќе недостига Матуиди, кој е суспендиран, а на негово место би можел да се најде Толисо.
Секако во преден план на овој меч ќе бидат Килијан Мбапе од едната и Луис Суарез од другата страна. Тинејџерот од ПСЖ блеска на Мундијалот и е во конкуренција за најдобар фудбалер на СП, додека напаѓачот на Барселона се уште се очекува да блесне, па останува да видиме дали ќе го направи тоа кога е најпотребно.
Веројатни состави:
Уругвај: Муслера, Касерес, Хименес, Годин, Лаксалт, Нандес, Тореира, Весино, Бентанкур, Суарез, Стуани.
Франција: Лорис, Ернандес, Умтити, Варан, Павар, Толисо, Канте, Погба, Кризнам, Мбапе, Жиру.
Според букмејкерите Француја е фаворит на овој меч. Коефициентот за победа на „триколорите“ во Coinbet24 изнесува 2.04 за реми 3.10 додека за победа на Уругвај коефициентот е 4.20.
Предлог тип:
Победа на Франција @2.04 во Coinbet24
Реми на полувреме @2.07 во Coinbet24