Полека влегуваме во фото финиш и изгледа дека ќе биде неизвесно до самиот крај.
Од 2010 до денес „Златната копачка“ ја освојуваа Лионел Меси (четири пати), Кристиано Роналдо (три пати) и Луис Суарез (два пати). Дали Мохамед Салах ќе успее да ја прекине доминацијата на играчи од Ла Лига?
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зад нив е возбудлив викенд, Салах во саботата, Икарди и Роналдо во неделата успеаа да постигнат по четири погодоци…
Салах постигна четири погодоци во убедливата победа на Ливерпул над Вотфорд од 5:0 и така им „избега“ на Кејн и Меси во трката за „Златната копачка“.
Роберт Левандовски, Едисон Кавани и Чиро Имобиле не постигнаа погодоци во текот на викендот, Серхио Агуеро е повреден, па тоа го искористија Роналдо и Икарди да влезат во топ 10.
Интересно е што помеѓу првите 10 се наоѓа и напаѓачот на Бенфика, Жонас кој доколку стигне до оваа награда би бил првиот од лига со коефициент 1.5
Да постсетиме, за останатите лиги, а од оваа година и за Лига коефициентот за гол изнесува два.
Треба да се истакне дека Салах во Премиер лигата одигра 31 натпревари, додека во Серија А и Ла Лига се одиграа 29, па така Меси, Роналдо, Икарди и Имобиле до крајот имаат по два натпревари повеќе.
Титулата најдобар стрелец ја брани Меси кој минатата постигна 37 погодоци.
Трка за „Златната копачка“
1. Мохамед Салах – 28 голови, 56 поени
2. Лионел Меси – 25 голови, 50 поени
3. Хари Кејн – 24 гола, 48 поени
4. Едисон Кавани 24 гола, 38 поени
5.Чиро Имобиле – 24 гола, 48 поени
6. Жонас – 31 гол, 46.5 поени
7. Роберт Левандовски – 23 гола, 46 поени
8. Кристиано Роналдо – 22 гола, 44 поени
9. Мауро Икарди – 22 гола, 44 поени
10. Луис Суарез – 21 гол, 42 поени