Бразил ја победи Хрватска со 2:0 во пријателскиот натпревар на Енфилд, а стрелец на првиот гол беше напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, кој од првата ѕвезда на Хрватска, Лука Модриќ после натпреварот доби порака од Реал.
„Те чекаме во Реал.“ – му рече Лука Модриќ на бразилецот, кој претходното лето за рекордни 222 милиони евра премина од Барселона во Париз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, после неколку месеци почнаа и шпекулациите за незадоволството на Нејмар, како и желбата што порано да го напушти Париз.
Како можна следна дестинација се споменува Сантијаго Бернабеу, а се зборува дека и таткото на Нејмар бил на преговори со челниците на Реал.
Во меѓувреме Нејмар го повреди стапалото, поради што ја пропушти крајот на сезоната. Бразилецот се врати на теренот во неделата, а веднаш заблеска против Хрватска.
Нејмар по асистенција на Кутињо во 69. минута постигна ефектен погодок, а после натпреварот ги разменија дресовите со Модриќ, кога хрватскиот фудбалер од Реал му упати повик за во Мадрид.
Olha que momento nos bastidores de Brasil x Croácia! O reconhecimento de dois craques pelo trabalho do outro. Bonito de se ver! ?⚽?? #GigantesPorNatureza pic.twitter.com/Z7llPygWzn
— CBF Futebol (@CBF_Futebol) June 3, 2018