Кога ќе се каже Лука Модриќ, сите веднаш помислуваат на фудбалерот кој е еден од главните играчи на Реал Мадрид.
Сепак, тоа неодамна се смени и одличниот играч за врска во Реал Мадрид стана само резерва и петти избор.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Тој влегуваше од клупата на сите три натпревари оваа сезона и одигра многу, многу малку. На тие натпревари тој доби помалку од еден час вкупно.
Не е тајна дека Модриќ е многу лут поради ова, а ова е главна тема деновиве во шпанските медиуми.
Модриќ е единствениот од шесте играчи од средниот ред на Реал кој сезонава не започнал ниту еден натпревар од првата минута.
Интересен е и податокот дека Анчелоти го смени системот на игра, а сега на теренот има уште еден играч од средниот ред од порано, но Модриќ игра помалку од било кога.
„Модриќ го заслужи последното продолжување на договорот со Реал Мадрид поради неговите одлични игри минатата сезона. Анчелоти за време на продолжување на договорот му кажа дека Чуамени, Валверде, Камавинга и Белингам ќе играат почесто оваа сезона.
Токму така беше во првите три натпревари, а единствениот пат против Алмерија беше Крос наместо Камавинга“, пишуваат шпанските медиуми.
Иако е разочаран, Модриќ не се откажува и наводно уште повеќе работи на тренинзите за да се врати во стартниот тим.
Однесувањето на Хрватот на клупата и во соблекувалната е феноменално и никој од страна не би рекол дека Модриќ не игра на секој натпревар.
Анчелоти му испрати и порака на една од прес-конференциите.
„Секако дека Модриќ е несреќен бидејќи не игра, тоа е природно за него“, изјави Анчелоти.