ЛУКА МОДРИЌ го загуби местото во стартниот тим на Реал Мадрид. Хрватската легенда на шпанскиот гигант оваа сезона игра со намалена минутажа, а последните два првенствени натпревари ги мина на клупата за резерви.
Во летниот преоден рок ги одби профитабилните понуди со надеж дека ќе продолжи да доминира во средниот ред на Реал, но факт е дека Карло Анчелоти се помалку го користи.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Шпанска Марка почна да ја опишува ситуацијата на Модриќ на вчерашниот натпревар против Џирона, односно неговото останување на клупата, со реченицата „Нешто се случува со Модриќ“.
Марка нагласува дека Модриќ ја загубил важноста и статусот во тимот, но дека до дербито со Атлетико играл помалку или повеќе минути. Воедно се изненадени што Анчелоти не го искористи на последните два меча, додавајќи дека Модриќ е здрав и дека нема физички пречки за игра.
Шпански извори сега повторно пишуваат за можното заминување на Модриќ. Саудиска Арабија веќе не се споменува толку често како МЛС, поконкретно Интер Мајами, каде играат Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жорди Алба, а во чија сопственичка структура е и Дејвид Бекам… И средбата Модриќ и Бекам на летниот одмор во Хрватска дополнително ги поттикнува ваквите идеи.
Мијатовиќ даде свој коментар:
„Модриќ имаше понуда од Саудиска Арабија, но реши да остане. Дали ќе оди во МЛС? Доби понуди од МЛС лигата. Се појавија неколку клубови, а еден е посериозен. Меси е заинтересиран за тоа. Лука неодамна се сретна со Бекам во Хрватска. Тие ручаа заедно“.