Дома Фудбал Млад фудбалер го повредил Роналдо на тренинг и повеќе не добил повик во првиот тим на Реал Мадрид

Млад фудбалер го повредил Роналдо на тренинг и повеќе не добил повик во првиот тим на Реал Мадрид

Шпанскиот весник „Марка“ пренесува интересни детали од еден тренинг на Реал Мадрид, а главен протагонист е Кристиано Роналдо.

Ману Хернандо е фудбалер од академијата на Реал Мадрид, но во првиот тим никогаш не доби вистинска шанса. Овој 21-годишен дефанзивец пред почетокот на сезоната замина на позајмица во Расинг.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Марка“ пишува дека вратата за Хернандо во првиот тим на Реал Мадрид е затворена пред две години. Тогаш Зинедин Зидан го повика да тренира со првиот тим и тој беше добар на тренинг, но во една акција направи прекршок и го повреди Роналдо, кој збесна поради тоа.

Хернандо веднаш се извини поради неговиот потег, но според шпанскиот медиум, тоа било пресудно за младиот фудбалер, кој повеќе нема да добие шанса во првиот тим.

Првиот дел од оваа сезона играчот го помина на позајмица во Расинг Сантандер, а од јануари се врати во Реал Мадрид Кастиља, но никогаш повеќе не доби шанса да тренира со првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…