Дома Фудбал Англија Младиот Свилар го ОДБИЛ Манчестер Јунајтед – Клубот не можел да исполни еден услов!

Младиот Свилар го ОДБИЛ Манчестер Јунајтед – Клубот не можел да исполни еден услов!

Изгледа дека голманот на Бенфика избрал подобра опција за својата кариера.

Младиот голман на Бенфика, Миле Свилар привлече внимание како голем потенцијал. Додека со денови во српските медиуми се шпекулираше за тоа дали би можел да заигра за Србија, тој оваа недела го собори рекордот на Икер Касиљас како најмлад голман кој дебитирал во Лигата на Шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ни помалку ни повеќе, тоа беше против Манчестер Јунајтед, против кого тој покажа дека ќе му треба повеќе искуство за да го достигне врвот на својата кариера. Португалскиот весник „Abola“ тврди дека Јунајтед веќе се обидел да го доведе 18-годишниот Свилар, кога во август оваа година се пресели од Андерлехт.

Тоа пропаднало, како што наведува весникот, бидејќи клубот не прифатил одредени усови на голманот, бидејќи тој сакаше да биде во првиот тим, што е невозможно со Давид Де Геа и Серхио Ромеро.

Од таа причина ја избра Бенфика, каде што ќе биде „проект“, како своевремено Облак и Едерсон

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…