Тами Абрахам игра одлично на стартот од сезоната во дресот на Челзи и во првите три кола постигна дури четири гола.
Иако за конкуренти ги има Оливие Жиру и Мичу Батшуаи, Абрахам ја доби довербата од Лампард, а тој му врати на најдобар можен начин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата сезона играше во Чемпионшип за Миделсброу како позајмен играч, но Челзи одлучи дека поради ситуацијата со забрана за трансфери време е да добие прилика на „Стенфорд Бриџ“.
Абрахам има два настапи за репрезентацијата на Англија и двата беа во пријателски натпревари и поради тоа има право да ја промени репрезентацијата. Токму тоа го сакаат луѓето во Нигерија и според информациите фудбалскиот сојуз на оваа земја работи на тоа.
Медиумите на Островот тврдат дека претставници на Нигерија присуствувале на „Стенфорд Бриџ“ во саботата и сакаат да го убедат овој фудбалер са игра за Нигерија.
Претседателот на фудбалскиот сојуз на Нигерија и јавно зборуваше дека нема да се откажат.
„Нема да се откажеме од своите напори добрите играчи да играат за нашата земја. Кажано ни е да почекаме до април 2020 година кога ќе донесе конечна одлука. Му кажав дека повеќе шанси има да биде редовен во нашата репрезентација отколку во Англија, сега е на него да одлучи“, изјави Амају Пиник.