Дома Фудбал Мијатовиќ: Јовиќ не е спремен за да успее во Реал Мадрид

Мијатовиќ: Јовиќ не е спремен за да успее во Реал Мадрид

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ проговори за ситуацијата на Јовиќ во „кралскиот“ клуб.

Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Тој оваа сезона запиша 24 настапи на кои постигна само 2 гола, па се поизвесно е неговото заминување.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Мијатовиќ смета дека Јовиќ едноставно не е комплетно посветен за да успее во клуб каков што е Реал Мадрид.

„Кога зборувам за Јовиќ, би сакал да зборувам за постигнување на голови, но не е така. Тој е млад, дојде тука после одлична година во Ајнтрахт. Но не видовме многу од него, само некои детали кои се премалку за да се каже дека тој е фудбалер на Реал Мадрид. Изгледа како да не е сто проценти посветен на идејата да биде успешен во Реал Мадрид“, истакна Мијатовиќ и додаде:

„Мора да се пронајде некое решение кое ќе ги задоволи двете страни. Можеби е контрапродуктивно ако остане во Реал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Ван Дајк конечно одлучи каде ќе игра наредната сезона (Фото)

Вирџил Ван Дајк веќе со недели е во фокусот на вниманието поради шпекулациите за тоа каде …