Дома Фудбал Мијатовиќ не ги разбира измените на Солари: Оваа година ми е тешко да го гледам Реал Мадрид

Мијатовиќ не ги разбира измените на Солари: Оваа година ми е тешко да го гледам Реал Мадрид

Прославениот ас не уживаше во вчерашниот натпревар на Реал Мадрид.

Реал Мадрид изминатата вечер ремизираше со Виљареал 2:2, а посебно импресионираше Санти Казорла која беше стрелец на двата погодоци за својот тим.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Своите импресии после натпреварот ги изнесе и легендарниот фудбалер на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ.

Бејл разочара. Ми се допаѓа, но тој нема квалитет да биде лидер во Реал после заминувањето на Роналдо. Загрижувачки е тоа што често се повредува“, смета Мијатовиќ.

Тој ги забележа и двете чудни измени кога Солари ги замени, Модриќ и Крос.

„Ако играчот го започне натпреварот и добро се чуствува, оставете го да продолжи. Друга работа е ако бара измена, но вака навистина не разбирам. Измената на Модриќ беше погрешна одлука, не ја разбрав ниту измената на Крос. Тешко ми е да го гледам Реал оваа година“, заврши Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кошмарот за Гвардиола не престанува: Двајца играчи побараа да заминат од Манчестер Сити

Двајца фудбалери на Манчестер Сити ќе направат сè за да го напуштат овој клуб во јануари и…